Планот за рестартирање на економијата во ЕУ ќе почека уште неколку недели

Земји од ЕУ се согласуваат за потребата од мерки за поддршка, но нивниот обем, методот на финансирање и дистрибуција се уште длабоко ги дели 27-те членки.

Масивниот европски план за рестартирање на економијата по кризата со коронавирусот кој го бараат Франција и Шпанија нема да биде предмет на договор меѓу 27-те земји членки на ЕУ уште неколку недели, изјавија француски функционери во пресрет на самитот на ЕУ преку видеоконференција.

Франција и Шпанија бараат ЕУ да воспостави план за закрепнување за европската економија од најмалку илјада милијарди евра за Франција, 1.500 милијарди евра за Шпанија, финансиран од долгорочни заеми, потсетува Елисејската палата. Но, додека повеќето земји од ЕУ се согласуваат за потребата од мерки за поддршка, нивниот обем, методот на финансирање и дистрибуција се уште длабоко ги дели 27-те земји членки на ЕУ.

Париз притоа нагласува дека не сака „избрзан договор, на попуст” и предупредува дека „Франција нема да ја даде својата согласност за европски буџет, кој не би дал одговор на кризата”. Ова е сериозна закана, бидејќи усвојувањето на европскиот буџет бара едногласност на сите 27 земји членки.

Париз исто така сака овие стимулативни мерки да вклучуваат не само заеми на проблематичните држави, како Шпанија и Италија, туку и трансфери на средства, како дел од механизмот за солидарност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот