Фото: Драган Митрески / Слободен печат / илустрација

Пивнат млад неготинчанец со „БМВ“ возел со над 100 километри на час низ градот

21-годишен жител на Неготино, кој бил под дејство на алкохол посилно од дозволеното, вчера доцна попладне е уапсен откако возел со брзина поголема од 100 километри на час на булевар во градот, соопшти МВР.

„Вчера во 19:05 часот на бул. „Маршал Тито“ во Неготино, уапсен е А.С (21) од Неготино, затоа што при радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „бмв“ со неготински регистарски таблици, со брзина од 106 км/ч на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 км/ч во населено место. Исто така, при извршеното алкотестирање утврдено е дека има 0.78 промили алкохол во крвта, известија од полицијата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот