„Пијано центре“ организира пијано маратон „Осум часа љубов“ во НОБ

Првиот пијано маратон на македонската музичка сцена со наслов „Осум часа љубов“ во продукција на „Пијано центре“ ќе се одржи на 6 јуни од 11 до 19 часот во Националната опера и балет.

Промотивно на нови концертни пијана ќе се одржат 10 концерти (полу рецитали) на 13 пијанисти, а ќе настапат врвни пијанистички имиња, како Марија Ѓошевска, динамичното трио „Триптих“ (Марија Вршкова, Елена Атанасовска – Ивановска и Сара Пројковска), Дино Имери, пијанистичкото дуо Емилија Маринова и Верица Шотарова, и Андреј Наунов.

Свои моменти ќе имаат и младите виртуози Милан Дучевски, Гоце Златев, Инес Неделковска, Горјан Стојановски и Виктор Рафајловски. Влезот е слободен, но со ограничен број публика според протоколите на Комисијата за заразни болести.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 83, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот