„Пежо“ излета од пат

Четириесет и петгодишен маж е повреден во сообраќајка која се случила вчера околу 12 часот на регионалниот пат село Јажинце – Тетово, во атарот на село Беловиште.

Полицијата извести дека Б.Ј.(45) од тетовското село Рогачево, управувајќи автомобил „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од силината на ударот здобил тешки повреди и со возило на Итна помош бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот