• Градската општа болница

Дете повредено во сообраќајка во Скопје

Вчера околу 7 часот е пријавено дека на улицата „Македонско-косовска бригада“ возило „опел зафира“ управувано од Б.Б. (30) од Скопје, удрило во малолетен пешак. Во незгодата со тешки повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“.