Петровиќ: Одигравме колку што можевме против силен евролигашки тим

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ/фото: mztskopjeaerodrom.mk

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија на синоќешното гостување против Црвена звезда (67:87), во натпревар во кој не излегоа со бело знаме, туку се бореа од првиот до последниот момент од средбата, поради што заслужија пофалби без разлика на крајниот епилог, со оглед што против себе имаа евролигаш кој е актуелен шампион во АБА лигата.

Вакво е и размислувањето на тренерот на македонскиот првак, Александар Петровиќ, кој по мечот му честиташе на противникот, но искажа и фалби за своите избраници, особено во еден посебен сегмент од играта.

– Одигравме колку што можевме против силен евролигашки тим. Бевме подобри во играта во одбрана отколку во нападот. Офанзивно затаивме во одредени моменти, имавме пропусти, но и покрај тоа сум задоволен, најмногу од односот на играчите. Го контролиравме скокот, но имавме повеќе загубени топки, што искусен тим како Црвена Звезда ги искористи и тука ја гледам причината за поразот. Игравме без двајца играчи, Еван Максвел и Адем Мекиќ, кои се повредени, но еден од нив двајца очекувам да ни помогне против Партизан – рече Петровиќ.

Дуелот против вториот белградски евролигаш Партизан, МЗТ ќе го одигра во СЦ „Јане Сандански“ на 10 октомври, на затворањето на втората рунда од јадранското натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот