Петковиќ бара од КФОР и ЕУЛЕКС да бидат неутрални

Петар Петковиќ / Фото: IMAGO / imago stock&people / Profimedia

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Петар Петковиќ, денеска изјави дека со вчерашното апсење на Лазар Јаниќијевиќ, косовскиот премиер Албин Курти продолжил со својот терор кон српскиот народ, додавајќи дека Курти дополнително е охрабрен да го напаѓа српскиот народ бидејќи меѓународната заедница му дозволила тоа.

Петковиќ на прес-конференцијата рече дека вчера, додека „граѓаните на Косово и Метохија сакале да се простат на закопот на убиениот Србин од Бањска од својот сограѓанин Стефан Недељковиќ во Врњачка Бања“, косовската полиција го уапсила Лазар Јаниќијевиќ, како и дека ден претходно специјалната косовска полиција претепала тројца Срби кои отишле во шума по дрва, а во петокот косовската полиција упаднала во Клиничко-болничкиот центар „Косовска Митровица“.

Тој додаде дека Курти дополнително бил охрабрен да го нападне српскиот народ бидејќи меѓународната заедница му дозволила тоа.

-Бараме КФОР и ЕУЛЕКС да бидат неутрални. Прашање до ЕУЛЕКС – зошто им беше забрането да присуствуваат на обдукцијата. Поминаа седум дена и ќе инсистираме на ова прашање, изјави Петковиќ.

– Некој овде сериозно лаже и затоа е важно да се види извештајот, има многу лаги од Албин Курти, лажеа и за бројот на луѓе во Бањска – 30, 40, сега 90, па дека полицаецот е убиен во вкрстен оган, а сега дека настрадал од експлозив. Многу нелогичности укажуваат на тоа дека Приштина ги фалсификува фактите и затоа е јасно зошто ЕУЛЕКС беше одбиен да присуствува на истрагата, изјави Петковиќ.

Тој додаде дека до денес не добиле одговор ни на второто писмо до ЕУЛЕКС во кое бараат одговори на прашањата поврзани со обдукцијата.

-Посебно за Бојан и Игор и начинот на кој беа убиени. Она што ни го кажаа нашите патолози врз основа на фотографијата на Бојан е дека влезната рана била во пределот на левиот очен капак, а излезната рана на десната страна на главата, што укажува дека е убиен додека лежел на грб, рече тој.

Според Петковиќ, јасно е дека Приштина цело време фалсификува факти и податоци во врска со настанот и обдукцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот