Петков: Посетата на Скопје беше огромен успех

Димитар Ковачевски и Кирил Петков /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, оцени бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание по церемонијата на положување заклетва на Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат како претседател и потпретседател на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот премиер, од една страна е подадена рака со одеењето во Скопје, а од друга страна Северна Македонија испратила нота која Бугарија ја чека две години.

– Оваа нота вели дека Република Северна Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија. Тоа е нешто многу нормално тие го кажат, но за оваа нота се разговараше и преговараше, а ние само затоа што направивме нов пристап ја добивме. Тука треба да се разбере дека вчерашната посета беше огромен успех, рече премиерот Петков.

Важно, според Петков, е и што за време на посетата е постигната согласност за авионска линија од Софија до Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот