Самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје /Фото: Драган Митрески-Слободен печат

Пет земји од ЕУ предлагаат модел „чекор по чекор“ за членство на земјите од Западен Балкан

Австрија, Италија, Чешка, Словачка и Словенија предложија модел „чекор по чекор“ за интегрирање на земјите од Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, пишува „Еуроактив“ цитирајќи доверлив документ.

Станува збор за план според кој земјите од Западен Балкан постепено би добивале пристап до придобивките од членството во Унијата, како што ќе напредуваат во преговорите и во исполнувањето на неопходните реформи.

Се предлага проширување на пристапот до области кои вклучуваат транспорт, енергија, дигитални пазари, стратегии за конкурентност и критични суровини. Претставениот план исто така вклучува заштитни мерки во случај земјите кандидатки да назадуваат со реформите откако ќе добијат пристап до делови од единствениот пазар.

„За да се одржи замавот на проширувањето и да се унапреди европската интеграција, потребни се силни и привлечни стимулации“, наведуваат петте држави во доверливиот документ.

„За да не се изгуби динамиката во процесот на проширување и да се забрза евроинтеграцијата, потребни се конкретни и привлечни мотиви“, дополнуваат земјите.

Документот, како што пишува Еуроактив, бил споделен меѓу земјите членки на ЕУ и повикува на „пристап заснован на заслуги, доколку е потребно, чекор по чекор до европскиот единствен пазар“ како поттик за земјите кандидати.

Понатаму, се повикува еврокомесарката за проширување Марта Кос да развие нови предлози во оваа насока, со аргумент дека ваквиот пристап би го зајакнал единствениот пазар и би помогнал во спротивставувањето на влијанието на трети земји, вклучувајќи ги Русија и Кина.

Марта Кос: „Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот