Пет причини зошто дигиталното евро ќе промени сè што знаеме за плаќањата

Европската централна банка (ЕЦБ) планира да го лансира дигиталното евро во 2029 година, а подготвителната фаза за правната рамка треба да биде завршена овој месец. Службениците на ЕЦБ ќе одлучат за продолжување на подготвителната работа на состанок во Фиренца, Италија, објави „Блумберг“. Извори велат дека службениците сакаат да ја издадат валутата во 2029 година, под услов да е воспоставена правната рамка- пишува Каматица. ЕЦБ започна двегодишна подготвителна фаза од проектот за дигитално евро во 2023 година, надевајќи се дека во меѓувреме Европската Унија ќе ги усвои правилата потребни за воведување на дигиталниот еквивалент на банкнотите и монетите.

Сепак, националните влади и Европскиот парламент сè уште не се согласиле за ова. Најголемата пречка доаѓа од Европската народна партија, од чии редови некои пратеници претпочитаа да бараат алтернатива од приватниот сектор на дигиталното решение на ЕЦБ. Притисокот за прекин на несогласувањето расте, бидејќи европските креатори на монетарна политика се жалат на прекумерна зависност од американските фирми како што се Visa, MasterCard и PayPal за малопродажни плаќања.

Дополнително, постојат стравувања дека стабилните монети поддржани од долари, за кои се залага американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле да добијат упориште во Европа, давајќи нов импулс за решавање на недоразбирањето.

Што ни носи дигиталното евро? Прво безбедност. Дигиталното евро го издава Европската централна банка – а не приватни компании. Парите остануваат целосно гарантирани од државата. Побрзи плаќања – трансакциите би биле моментални, достапни 24/7 и без провизии. Помала зависност од САД – Европа сака да ја намали својата зависност од американските платни системи како што се Visa, Mastercard и PayPal. Лесен за користење – плаќање преку телефон или картичка, дури и офлајн, без интернет и приватност – ЕЦБ ветува високо ниво на заштита на личните податоци, особено за помали плаќања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот