Пет лица уапсени и обвинети во врска со киднапирањето на кучињата на Лејди Гага, вклучувајќи ја и жената што ги вратила

Instagram

Пет лица се уапсени и обвинети за киднапирање на кучињата на Лејди Гага и нанесување сериозни физички повреди на шетачот на миленичињата на ѕвездата во Холивуд во февруари, пренесуваат странските медиуми.

Тројцата уапсени се млади момчиња кои се обвинети за кражба на кучињата и обид за убиство на шетачот на миленичиња, изјави јавниот обвинител Џорџ Гаскон од Лос Анџелес.

Instagram
Instagram

Тоа е бесрамно злосторство на јавно место каде еден човек беше сериозно повреден“, изјави Гаскон.

Уште две лица се обвинети за соучество, а една од нив е и жената која ги вратила француските булдози два дена по кражбата.

50-годишната Џенифер МекБрајд тогаш рече дека ги пронашла на улица и ја контактирала Лејди Гага, која за време на настанот снимаше филм во Рим, но преку медиумите вети дека оној кој ќе ѝ ги врати нејзините кучиња ќе добие награда од 500.000 американски долари.

Украдените кучиња на Лејди Гага се пронајдени живи и здрави: Коџи и Густав повторно во прегратките на пејачката

МекБрајд била во врска со петтоосомничениот, таткото на тројцата напаѓачи и требало да ја земе наградата, соопшти полицијата.

Кученцата на Гага, Коџи и Густав, беа киднапирани на 24 февруари и покрај отпорот на нивниот шетач, вработен од страна на пејачката, кој беше застрелан од напаѓачите. Киднаперите двете кучиња ги ставиле во автомобилот, третото успеало да избега, а потоа се вратило до ранетиот шетач Рајан Фишер.

Бев многу близу до смртта“, во едно интервју рече 30-годишниот Фишер.

Полицијата во четвртокот истакна дека осомничените знаеле за високата цена на расата на кучињата, бидејќи француските булдози се релативно ретка и барана раса и може да се продадат за неколку илјади долари.

Тројца браќа, 18-годишниот Џејмс Џексон, 19-годишниот Џејлин Вајт и 27-годишниот Лафејет Валеј се обвинети за обид за убиство, грабеж во обид и грабеж од втор степен, а МекБрајд и петтиот обвинет 40-годишниот Харолд Вајт за соучесништво.

Сите петмина се изјаснија за невини во четвртокот, а следното рочиште е закажано за 11 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот