Фото: Принтскрин

Песков: Зеленски не сака преговори

Изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски дека нема да има „Минск-3″ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На новинарско прашање дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Песков кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат”.

Претходно, во видео обраќање до лидерите на Г20 на Бали, Зеленски рече дека Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина и дека не може да има територијални отстапки од страна на Киев.

Очигледно е дека не може да им се верува на зборовите на Русија и нема да има никаков Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по заклучокот, рече Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот