Пешев: Треба време да се сменат цените, казните се престроги

Зеленчук во маркет / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Извршниот директор на СКСМ реагира дека не било лесно да се сменат цените на 1.200 артикли не само во касите, туку на рафтовите, па оттуку пропустите кои викендов ги констатираше ДПИ не се намерни и казните не треба да бидат драконски

Затворањето на повеќе маркети е престрога мерка, бидејќи од носењето на владините одлуки до престројувањето на работата на трговците имаше многу малку време, порача Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Тој реагира дека не било лесно да се сменат цените на 1.200 артикли не само во касите, туку на рафтовите, па оттуку пропустите кои викендов ги констатираше ДПИ не се намерни и казните не треба да бидат драконски. Пешев, вели дека е лоша слика некој маркет да стои затворен и ДПИ мора да има разумен рок тие да ги отстранат неправилностите. Според Пешев, тој присуствувал на сите состаноци во Министерството за економија и со трговците и со дистрибутерите, кои се согласиле солидарно да намалат по 5 отсто од своите маржи за да се излезе во пресрет на граѓаните, но како и сите други граѓани од медиумите разбрал дека референтната цена од која ќе важат намалувањата ќе бид еод 1 август.

Горан Трајковски, директор на ДПИ, информира дека пет големи трговски синџири, освен што викендов добија етикета – непочитувачи на одлуките и другите законски прописи, туку беа казнети со 73 илјади евра и затворени. Законот дозволува затворњето да трае од 3 до 30 дена, а Трајковски, истакна дека не би сакал тоа да биде подолго од 5 дена, бидејќи во продавниците има многу свежи производи.

-Ова нека биде опомена за тие да се средат и јас стојам позади тоа дека нема да има компромис – порача Трајковски. Тој откри дека основата за казнување бил фактот што трговците ставале знак „гарантирана цена“, а производот не бил намале или пак ставале знак за производ кој не бил опфатен со владината одлука. Владината Одлука за намалување на цените на прехранбени производи за најмалку 10 отсто како и замрзнување на намалените цени, треба да трае до крајот на ноември. Иако акциите се забранети, од Организацијата на потрошувачи сметаат дека тоа не е добро решение бидејќи на некој начин ги доведува потрошувачите во понеповолна положба, ускратувајќи им го правото на избор на разновидни производи по пристапна цена и преку акциска продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот