Тони Хансен Валверде Викториано/Фото: El Comercio / Zuma Press / Profimedia

Перу ќе го екстрадира наводниот организатор на троен фемицид во Аргентина

Перуанските власти ја одобрија екстрадицијата во Аргентина на млад човек, наводно поттикнувач на троен фемицид извршен во септември во близина на Буенос Аирес, објави во вторник обвинителството, пренесе Буенос Аирес тајмс.

20-годишниот Перуанец беше уапсен во својата татковина кон крајот на септември и оттогаш е задржан во главниот град Лима, чекајќи екстрадиција.

„Перу даде зелено светло за екстрадиција во Аргентина на Тони Хансен Валверде, познат и по прекарот „Пекењо Хота“, со цел да му се суди за отежнато убиство“, потврди обвинителството во соопштението.

Истиот извор појасни за АФП дека екстрадицијата ќе се случи во наредните денови.

Се тврди дека Тони Валверде е мозокот зад три убиства. Жртвите биле Морена Верди и Бренда дел Кастиљо, две братучетки на возраст од 20 години, и Лара Гутиерез, на возраст од 15 години.

Нивните тела беа пронајдени закопани во дворот на куќа во јужно предградие на Буенос Аирес на 24 септември, пет дена откако исчезнаа.

Според аргентинските власти, тие биле заробени, мислеле дека одат на забава, но биле убиени откако биле мачени во пренос во живо, кој го следеле 45 регистрирани корисници на затворен профил на социјална мрежа, очигледно за да се направи пример за членови на организација за трговија со дрога.

Убиството на младите жени и тинејџерката ја шокираше Аргентина. Илјадници луѓе демонстрираа барајќи правда.

Неколку други осомничени беа уапсени и притворени како дел од истрагата за случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот