Пералната на Трета македонска бригада е отстранета, Градот најавува доизградба на булеварот

Град Скопје ја урна куќата која се наоѓаше на булевар Трета македонска бригада. Од Град Скопје велат дека објектот според имотен лист бил во нивна сопственост.

„Самиот објект, по имотниот лист е во сопственост на град Скопје, а до сега се водеше правна постапка за преeземање на владение на објектот. Градот Скопје, преку овластен извршител, достави решение до лицето кое живее таму за празнање на објектот и преземање на владение врз истиот. По поминување на сите рокови и исцрпување на сте правни инструменти за извршување на налогот, Градот закажа присилно иселување за денес, а  сопственикот вчера доброволно го предаде објектот. Градот го презеде владението на објектот и доби решение од овластениот извршител“, информираат од град Скопје.

Од таму додаваат дека набргу започнуваат со доизградба на улицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот