Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден

Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс ќе биде присутен на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, изјави висок претставник на администрацијата.

Актуелниот претседател Доналд Трамп, пак, во петокот најави дека нема да се појави на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

Во меѓувреме демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат во понеделник да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија.

Демократите планираат во понеделник да поднесат барање за импичмент против Трамп

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот