Стево Пендаровски / Фото: „,Слободен печат“ / Драган Митрески

Пендаровски вели дека за Македонија е ризично слепо да ја следи Америка

Поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, вели дека американско-израелскиот напад врз Иран „го извадил на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика“ поради безрезервната поддршка која нашите власти им ја даваат на американската администрација и на секој нејзин потег.

„Тоа е поразителен факт“, вели Пендаровски во интервју за БИРН, кој вели дека не само што една мала држава како Македонија може, туку е и нужно да одигра поинаку.

Тука Пендаровски го гледа „аматеризмот“ на македонската надворешна политика. Македонија беше првата држава во регионот и пошироко, која најрано ја поддржа интервенцијата, многу пред Еди Рама и Александар Вучиќ, кои, како што вели поранешниот претседател, имаат далеку подобри односи со Трамп и со неговата администрација.

„Кога е очигледно дека во истата алијанса има два пола што не се согласуваат, мала држава не смее да го избере само едниот. По дефиниција, тоа е ризично однесување“, одговара на дилемата дали стратегијава може да ѝ наштети на Македонија при аспирациите за ЕУ, вели експретседателот.

За интервенцијата на САД во Иран, Пендаровски вели дека „освен што е непотребна, е и најлошо подготвената американска интервенција во последниве 100 години“. Воедно, нападот според него претставува геополитички преседан, не поради игнорирањето на меѓународното право, што се случувалo и порано, туку зашто САД под Трамп за првпат ги заобиколија НАТО-партнерите.

Муцунски побрза да го осуди „иранскиот напад врз Турција“, но извори од Анкара велат дека земјата не била нападната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот