Пендаровски на средба со Сојузот на извидници на Македонија

По повод 70 години од постоење на извидништво во државата, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Сојузот на извидници на Македонија.

На средбата, извидниците го информираа претседателот за тековните подготовки и потреби со цел организација на извидничката смотра, како најмасовен младински едукативен настан на отворено, кој обединува и промовира културни вредности, другарство и вештини. На смотрата, која ја организираат секоја петта година, се очекува учество на повеќе од 1500 извидници од Северна Македонија и од повеќе од 15 држави од регионот и од Европа, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Претстојната 13. Македонска извидничка смотра, која под покровителство на претседателот, ќе се одржи во периодот од 12 до 21 јули во Крушево.

Претседателот Пендаровски истакна дека му претставува задоволство што ќе биде покровител на оваа меѓународна смотра, која покрај едукативната компонента и стекнување вештини кај младите, придонесува и за афирмација на нашата држава. Во таа насока претседателот ја поздрави извидничката програма и ентузијазмот за негување на вредностите на заедништво, солидарност, емпатија, дисциплина и тимска работа, додаваат од Кабинетот.

Во разговорот со претставниците од Сојузот, претседателот изразил поддршка на нивните програми за волонтирање и имплементирањето на едукативни програми за личен раст и развој, како и неформалната едукација која ја практикуваат преку активности во природа и стекнување на здрави животни навики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот