Пендаровски: На седницата на Советот за безбедност го поканив и лидерот на опозицијата, така ќе правам и натаму (ВИДЕО)

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со членовите на Комисијата за одбрана и безбедност од Собранието на Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според Претседателот треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбедноста на државата.

„Јас сум претседател на сите, без разлика кој ме предложил или гласал за мене. На седницата на Советот за безбедност го поканив и лидерот на опозицијата. Така ќе правам и натаму, бидејќи одбраната и безбедноста на државата не се ничија лична работа”, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера и го истакна фактот дека се поддржани и од власта и од опозицијата.

Прочитајте и...  Членовите на ДИК нема да земат бонуси за изборите

На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во Република Северна Македонија во доменот на одбраната и безбедноста, како и за состојбата во регионот.

Претседателот Пендаровски ги информираше членовите на комисијата дека до сега 22 држави го завршија процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, додека кај преостанатите седум земји-членки нема политички пречки процесот да се заокружи.

Во контекст на безбедноста во регионот, став на државниот врв, информираше Претседателот, е дека промена на границите на Балканот е опасна идеја.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековната работа на комисијата и за носењето на законите од безбедносната сфера. Членовите на комисијата позитивно ја оценија можноста за средба со Претседателот на Република Северна Македонија и ја нагласија неговата улога за надминување на поделбите во општеството. Претседателот Пендаровски посочи дека и во иднина редовно ќе се одржуваат заеднички координации и ќе има редовна комуникација со комисијата.

Прочитајте и...  „Лајка“ - ЈП за геноцид врз животните?

 

Прочитај повеќе

Заев: Нема црна кампања, граѓаните заслужуваат да се води позитивна кампања

Слободен печат

Заев: Транспарентни сме во маркетиншкото рекламирање во сите медиуми

Слободен печат

Во оваа земја во САД 30 000 луѓе живеат во полигамијa, повеќе не е нелегално

Слободен печат

Спиропали: Господ нека му помогне на Илир Мета

Маријана Митровска

Две лица починаа во Иран, денеска им беше потврден коронавирусот

Слободен печат

Колку кокаин заплени МВР? Македонија била крајна дестинација

Слободен печат

Остави Коментар

Осумнаесет + 14 =

Прочитај повеќе

Пленковиќ: Ако обвинителот Јелениќ не поднесе оставка, ќе го разрешиме

Слободен печат

Шентоп: Забелешките на Макрон за борба со исламскиот сепаратизам се пример за сурова исламофобија

Слободен печат

МАЖИ СО ПУШКИ И ЖЕНИ СО МАРАМИ ВО БАЗЕН: Политичари под кривичен прогон за расистичка боенка

Слободен печат

Георгиева: Коронавирусот е сериозна неизвесност со која се соочува глобалната економија

Слободен печат

Чулев не ја потврдува количината на запленетата дрога во Сарај

Слободен печат

Бугарскиот патријарх Неофит: Православните браќа во Македонија може да сметаат на наша поддршка

Слободен печат