Пендаровски ќе ги одликува Тодоровски, Ангеловски и Мјаку со Орден за заслуги, Медал за заслуги и Повелба

Стево Пендаровски - претседател на РСМ / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги, Медал за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, со Орден за заслуги, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку.

Медал за заслуги ќе им биде врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров.

Признанието Повелба на Република Северна Македонија ќе биде доделено на Албанскиот театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот