Пелистер со убедлива победа против Тиквеш
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со сигурна победа ја затворија 2025 година, откако во последниот декемвриски натпревар ја совладаа екипата на Тиквеш со 29-21. Битолчани успеаја да се рехабилитираат по неуспехот во Охрид, прикажувајќи многу подобра игра и без поголеми проблеми ги освоија бодовите со кои остануваат во трката за самиот врв на Супер-лигата.
Препорачано
Тиквеш одигра солидно во првото полувреме и во еден период дури имаше и водство од 6-9, покажувајќи дека нема лесно да се предаде. Сепак, домашниот тим навреме го крена ритамот, ја стабилизираше одбраната и до паузата направи пресврт за предност од 12-10.
Во продолжението Пелистер целосно ја презеде контролата. Со серија од 5-1 во првите девет минути од вториот дел, битолчани ја скршија отпорноста на гостите (17-12), а разликата постојано растеше до самиот крај за конечни 29-21.
Најефикасен кај победниците беше Хакбарт со седум погодоци, додека Кузмановски и Петар Атанасијевиќ придонесоа со по четири гола. Во редовите на Тиквеш се истакна Јан Тајник со четири реализации.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


