Пеколни температури во Франција, пожарите и натаму беснеат
Франција оваа недела ќе се бори со големиот топлотен бран кој ќе ја зафати земјата, веќе соочувајќи се со тешките пожари кои ги погодија шумските предели на повеќе места во државата, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Метеоролозите означија 15 делови на Франција како зони под висок ризик од екстремни температури. Една од тие зони е Жиронд, каде големите пожари веќе беснеат со денови.
Пожарите во Франција, Грција, Португалија и Шпанија уништија илјадници хектари земја и принудија евакуација на илјадници луѓе.
Научниците за ваквите ужасни пожари вината ја ставија врз климатските промени и сметаат дека ситуацијата дополнително ќе се влошува во текот на летото.
Во Франција во шумата Ландес, во југозападниот регион Аквитанија, температурите ќе бидат над 42 степени Целзиусови, предвидуваат француските метеоролози.
До вчера, пожарите во Жиронд, кои траат веќе една недела, проголтале 13 илјади хектари земја, а силниот ветер дополнително ја отежни работата на пожарникарите.
Пеколните температури претставуваат уште еден проблем за пожарникарите во Франција. Низ поголемиот дел од земјата се очекуваат температури над 30 степени Целзиусови, но најголем проблем ќе биде во западниот дел од Франција, каде се очекуваат температури меѓу 38 и 40 степени Целзиусови.


