Пекинг ги предупредува САД– Тајван одржува воени вежби против можен напад од Кина

Американскиот претседател Џо Бајден дополнително ги зголеми тензиите откако стави до знаење дека САД ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија и дека „имаат обврска да го сторат тоа“. / Илустрација - СП. архива

Тајван одржа редовна воена вежба во главниот град Тајпеј за да се одбрани во случај на напад од Пекинг.

Во Тајпеј е прогласена воздушна тревога, а војската извршила заеднички воздушни и поморски маневри, како и мобилизација на тенкови и војници, како дел од петдневната годишна вежба „Хан Куанг“.

Кога беше прогласена тревога за воздушен напад, полицијата ги упати случајно избраните патници во метрото во засолништа.

Тајвански хеликоптери
Тајвански хеликоптери / EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Кина и Тајван имаат посебни влади од крајот на кинеската граѓанска војна 1945-1949 година. Оттогаш, Тајван ефективно функционира како независна земја.

Пекинг се противи на какви било официјални контакти на тајванската влада со други земји, бидејќи го смета Тајван за своја одметничка провинција, која треба да биде припоена со сила доколку е потребно.

Кина жестоко реагираше на неодамнешните медиумски извештаи за посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијанг изјави за новинарите дека посетата „сериозно ќе го поткопа суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Кина.

Ненси Пелоси се обрати на јавноста од седиштето на Демократскиот комитет за конгресна кампања / 3 ноември 2020 / Вашингтон, ДС, САД / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL
Ненси Пелоси / Фото: EPA-EFE/Alyssa Schukar / POOL

Пелоси, позната по нејзините остри критики кон Пекинг, иако најави, сепак ,не потврди дека ќе замине во Тајван. И американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела изјави дека американските воени претставници сметаат дека нејзината посета на тајванскиот остров во моментов „не е добра идеја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот