Пејачката Сиа стана баба: По ѓаволите! Не ми се верува дека конечно сум баба!

Фото: Профимедиа

Пејачката Сиа има нова титула – баба!

Во интервју со Зејн Лоу на Apple Music, 44-годишната Греми добитничка потврди дека станала баба.

„Мојот најмлад син само што доби две бебиња… По ѓаволите! Јас сум баба“, изјавила таа. „Премногу сум возбудена“, додала пејачката, пренесува американскиот сајт E! News.

„Сакам да бидам кул баба како Крис Џенер“, додала пејачката говорејќи за тоа како и се восхитува на познатата ријалити ѕвезда и менаџерка на Кардашијан-Џенер кланот.

Во мај пејачката сподели дека таа посвоила двајца тинејџери во 2019 година кои сега имаат 19 години. „Тие растеа и набрзо требаа да отпаднат од системот за посвојување“, изјавила таа во интервју за SiriusHM Hits 1. „Премногу ги сакам“, додала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот