Пехчевски: До кога трулиот систем ќе ги мачи и држи во неизвесност пациентите со цистична фиброза?

игор пехчевски, фејсбук

„Господа од власта, дали би дозволиле да се прави сето тоа на вашите деца, што Вие на нас ни го правите? Да сме на ваше место и да ги држиме во неизвеснот со месеци и со години“, напиша на социјалните мрежи Игор Пехчевски, пациентот кој боледува од цистична фиброза.

Тој истото прашање го упати и до премиерот Димитар Ковачевски, до министерствата за здравство и за финансии.

„Дали сте свесни и колку е жално и болно да ги држите болни луѓе во неизвесност за лек од кој животот им зависи?“ – прашува Пехчевски.

„До кога оваа бирократија ќе трае? До кога нас и нашите семејства ќе не држите во страв и неизвесност? До кога ќе ни создавате дополнителни компликации и проблеми од тие што ги имаме со здравјето. Не може и недозволиво е да ни ги ускратувате лековите кои ни се со Устав загарантирани и од кој зависии нашиот живот и нашата иднина. Го бараме лекот Трикафта (KAFTRIO) веднаш“, пишува Пехчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот