Педро Санчез побара продолжување на вонредната состојба во Шпанија до 21 јуни

Владата има намера да ги релаксира мерките воведени на 14 март преку четири фази (од 0 до 3).

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, изјави дека на неговата земја ѝ се потребни дополнителни 15 дена вонредна состојба, што би траело до 21 јуни, за дефинитивно да се стави крај на здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Според тоа, Санчез оваа недела ќе побара од парламентот ново, шесто продолжување на вонредната состојба, ограничувајќи го движењето и собирањето на 47 милиони жители.

– Многу напредувавме – рече премиерот на прес-конференцијата во Мадрид.

– Но, ќе ни треба уште едно, последно продолжување на вонредната состојба, за да го завршиме она што го започнавме –  додаде тој.

Владата има намера да ги релаксира мерките воведени на 14 март преку четири фази (од 0 до 3).

Денес 70 проценти од населението влезе во фаза 2, во која нема утврден дневен распоред за одење на слободна прошетка, дозволено е да се соберат до 15 лица и на сите трговски центри, без оглед на големината, им е дозволено да ги отворат своите врати.

Најголемите градови Мадрид и Барселона, кои се најпогодени од вирусот, останаа во фаза 1.

По 21 јуни, жителите на Шпанија би можеле слободно да се движат во рамките на секоја од 17-те автономни провинции, а од 1 јули ќе им биде дозволено да патуваат низ целата земја. Тогаш Шпанија има намера да ги отвори своите граници за странските туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот