Гугл/ ФотоEPA-EFE/FILIP SINGER

Печатените медиуми во Канада ќе добијат две третини од парите што ги вети Гугл

Канадските печатени медиуми ќе добијат речиси две третини од финансискиот надомест што неодамна им го вети мултинационалната компанија Гугл на медиумите во замена за дистрибуција на нивната содржина, објави федералната влада.

Кон крајот на ноември, по неколкумесечни преговори, Отава и калифорнискиот гигант објавија „историски“ договор според кој Гугл ќе им плаќа на канадските медиумски компании 100 милиони долари годишно како компензација за изгубените приходи од реклами.

„Уделот што ќе го добијат телевизиските и радио станиците е ограничен на 30 отсто, оној на CBC/RadioCanada (канадската јавна радиодифузна група) на 7 отсто, оставајќи ги преостанатите 63 отсто за печатените медиуми“, објасни федерален функционер.

Тој додаде дека најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за печатените медиуми, кои се „навистина зависни“ од онлајн платформите за дистрибуција на нивната содржина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот