Павлов: Имам многу добри подготовки за игрите во Минск

EPA/MAXIM SHIPENKOV

Со освоениот медал на Европското првенство во Гвадалахара, Павлов исполни норма за настап на Европските игри.

Тој е единствениот македонски каратист на ова натпреварување, што ќе биде негово второ учество на европски игри, откако на првите во Баку пред четири години освои медал.

– Моите подготовки за овие игри се одвиваат доста добро, откако завршив со физичките подготовки, сега во тек се и техничко тактичките подготовки. Измината недела бев на припреми во Панчево кај најуспешните каратисти на Србија, Слободан Битевиќ, светски шампион, и неговиот тренер Пеѓа Стојaдинов, исто така светски шампион. Заедно вежбавме со цел што подобро да се подготвиме за Европските игри – ни изјави Павлов.

Европските игри ќе се одржат во Минск во периодот од 21-30 јуни 2019 година.

Моментно е во Штип каде што ќе остане до понеделник, а потоа ќе отпатува на Премиер лигата во Шангај (Кина) и потоа се враќа на завршни подготовки во Пехчево.

Најдобриот спортист за ланската 2018 година воедно има сон кој што посакува да стане реалност, а тоа е најпрвин обезбедување олимписка норма и секако медал на Летните Олимписки игри во Токио 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот