Павле Трајанов предлага решение за кризите: Опозицијата да влезе во власта

Павле Трајанов

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, вели дека во земјава треба да се формира влада на широка коалиција, во која би влегле чинители од сите политички партии. Тој вели дека не гледа проблем таквата широка владина коалиција да се формира и во моментов.

„Моја сугестија е да се размислува за широка коалиција, во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии и ќе се вклучат сите можни капацитети во државата, за надминување на предизвиците со кои се соочуваме. Под широка коалиција подразбирам да влезе и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. тоа треба како тема да биде, а втора тема да биде договорот од потреба за одржување на предвремени избори, врзано со промените на Уставот“, рече Трајанов во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на „Алсат М“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот