Патронат на тетовската касарна: Одбележани 77 години од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски Питу

Фото: mia.mk

Со полагање на цвеќе пред бистата на народниот херој, денеска беше одбележан патронатот на касарната „Кузман Јосифовски-Питу” во Тетово.

– Пред полагањето на цвеќе беше интонирана химната на Република Северна Македонија и химната на Армијата, а со едноминутно молчење се оддаде почит на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу и останатите загинати и починати борци за слободата на Македонија и на загинатите припадници на Армијата. Пред присутните беше прочитан Реферат за ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, наведуваат од касарната.

На одбележувањето присуствуваше командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Бесник Емини, претставници на Армијата и претставници на Сојузот на борци од Тетово и Гостивар, информираше командантот на касарната, потполковник Изеир Ејупи.

По повод патронатот на касарната „Кузман Јосифовски-Питу” беше реализирана крводарителна акција од вработените.

Кузман Јосифовски-Питу е роден на 15 јуни во 1915 година, а загинал на 25 февруари во 1944 година во Скопје. На 2 август во 1945 е посмртно прогласен за народен херој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот