Патник во авион носел риба завиткана во весник, а од неговата торба се појавиле мушички кои ги стаписале останатите
Еден патник, наводно, донел расипана риба во авион на Делта Ерлајнс во рачна торба и ја ставил во просторот над седиштата, по што голем број мушички излегле од торбата и „паднале“ над патниците што седеле под нив, објави Индипендент.
Препорачано
Филип Шот, Холанѓанец кој живее во Ајова, изјави за Фокс 2 дека видел најмалку десетина мушички како паднале врз жена за време на летот.
„Навистина не знаев што да си помислам. Се обидов да ја разберам ситуацијата, но тоа беше многу одвратно“, изјави Шот за медиумот. „Моравме да чекаме таму за навистина да дојде помош“.
Шот вели дека стјуардесите ги следеле мушичките до торбата на патникот во преградите над седиштата и пронашле риба завиткана во весник. Откако го нашле човекот чив бил багажот, Шот вели дека стјуардесите го однеле, а пилотот објавил дека летот ќе се врати на аеродромот Шипхол во Амстердам.
Во изјавата дадена за Фокс 2, Делта им се извини на своите патници: „Нивното патување беше прекинато поради неправилно спакувана рачна торба. Авионот се врати на аеродромот и патниците беа ставени на следниот достапен лет. Авионот беше отстранет од употреба заради чистење“.


