Патиштата во правец на три гранични точки со Србија остануваат блокирани

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за внатрешни работи, поточно Националниот центар за гранично управување, информира дека и натаму се блокирани граничните премини Јариње, Мердар и Берњак.

Ова го соопштуваат од Националниот центар за гранично управување.

Инаку, МНР соопштува дека на територијата на Србија, во близина на граничните пунктови во Јариње и Мердаре, поради протестите кои се во тек, не е можно да минуваат автобуси и камиони кои доаѓаат од Косово.

Демонстрантите ја блокираа и граничната точка во Берњак. Ниту минувањето на автомобилите во моментов не е безбедно.

„Доколку веќе сте влегле во Србија, тогаш ве молиме користете ги граничните точки во Мутивода, Деу и Бардо или тргнете на рутата преку Северна Македонија (граничен премин Прешево) преку Скопје.

Доколку веќе не сте влегле во Србија, ве молиме не патувајте низ Србија“, се вели во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот