Партијата на Власите има нов претседател
Партијата на Власите на својот шести конгрес, одржан вчера во Скопје, избра нов претседател и донесе клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата.
Препорачано
Делегатите му ја доверија раководната функција на новоизбраниот претседател, Стерјо Папули, кој веднаш по изборот ја презентираше својата програма за работа.
– Како претседател на Партијата на Власите од Македонија, истакнувам дека нашата политика се темели врз три столба: зачувување на влашкиот идентитет, јазик и култура, изградба на силни културни и образовни институции и активно учество во јавниот и општествениот живот. Веруваме дека токму преку овие три столба влашката заедница сигурно ја гради својата иднина и придонесува за напредокот на современа и европска Македонија – изјави Папули.
Во рамки на Конгресот беше промовирана и новата химна на партијата, инспирирана од влашката традиција и идентитет.
По повод одбележувањето на 25 години од основањето на партијата, беа доделени плакети и благодарници на ветерани и долгогодишни активисти кои придонеле во развојот и опстојувањето на ПВМ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
30мин
-
34мин
-
45мин
-
48мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


