Партија на Македонците во Србија со поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Партијата на Македонците во Србија преку соопштение до јавноста посочи дека за престојните парламентарни избори дава целосно поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Во соопштението на оваа партија стои дека секој глас даден за СДСМ е „глас за иднината“.

„Партија на Македонци во Србија, најбројна институција на нашата дијаспора, на предстојните избори, дава безрезервна поддршка за колацијата „Можеме“ предводена од СДСМ. Само со Европски лидер, Зоран Заев, можеме да имаме просперитет и пријатели. Глас за СДСМ е глас за иднина“, стои во соопштението на оваа партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот