Парли: Француските вооружени сили го убија шефот на Ал Каеда во северна Африка

Француските сили го убиле шефот на Ал Каеда за северна Африка Абделмалек Друкдел во северниот дел на Мали, соопшти министерката за одбрана Флоранс Парли.

– Француските вооружени сили, со поддршка на нивните локални партнери, на 3 јуни го убија шефот на Ал Каеда за исламскиот Магреб, Абделмалек Друкдел, за време на операцијата во северниот дел на Мали, напиша таа на Твитер.

Парли додаде дека биле убиени и неколкумина негови најблиски соработници.

Видео на денот