Парламент го разреши Мета, сега на потег е Уставниот суд

Илир Мета/ Фото: МИА

Со 104 гласа „за” седум против и три воздржани албанскиот парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во трите деценискот плурализам во земјата.

Во собраниската сала присуствуваа 114 пратеници и сите го остварија правото на глас. Претходно пратениците со еднаков број гласови го изгласаа извештајот на анкената комисија за пркршувањата на уставните надлежности од страна на Мета.

Гласњето беше тајно и по двете прашања соопштувањето на резултатите пратениците го позравија со аплауз.

Парламентот има 140 пратеници, но по откажувањето од пратеничките манадати на пратениците од опозициските Демнократска партија и Движењето за социјалистичка интеграција, пополнети се 122 пратенички места.

Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.

Одлуката на законодавнот дом сега оди во Уставниот суд кој треба да се изјасни во рок од три месеци.

Мандатот на Мета завршува на 24 јули 2022 година, до кога,како што во контнуитет вели тој, ќе остане да го брани Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот