Паркирај, па попливај на паркингот кај МЕПСО

Нов паркинг кај МЕПСО / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

После секој дожд вообичаено повеќето улици во Скопје се претвораат во езера. Но, тоа не би требало да се случува на уличките кои служат и како паркинг простори и каде ЈП „Градски паркинг“ наплаќа најскапо за паркирање, како на пример во најстрогиот центар на градот.

Паркинг просторот пред дирекцијата на МЕПСО, веднаш кај пешачкиот мост кој води кон Македонскиот народен театар неодамна се реконструираше, односно се стави нов асфалт и одново се исцртаа паркинг места. Од тука се влегува и во катната гаража „Солунски конгрес“.

Нов паркинг кај МЕПСО / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

И навистина, сега овој простор изгледа многу поуредено отколку претходно кога беше комплетно руиниран и каллив, благодарение пред сѐ на градилиштето во непосредна близина кое ќе одбележи една деценија од своето постоење. Но, сето тоа исчезнува штом заврне дожд и целиот простор се претвора во едно големо езеро. Па откако ќе се паркира автомобилот, вистински проблем е како човек да излезе од него, а да не му се наполнат чевлите со вода.

Може ли нешто во градов да се направи како што треба, а да не се покажат сите слабости, на пример при првиот дожд? Дали „Градски паркинг“ мисли дека доволно е да се исцртаат паркинг места и да се наплатува паркирањето, без да се обезбедат некакви пристојни услови за сите што ги користат услугите на претпријатието, без оглед на временските услови?

Притоа за сето тоа се трошат серизно многу пари, за што очигледно, исто така никому не му е грижа.

Нов паркинг кај МЕПСО / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот