Парис Џексон / Фото: Marechal Aurore ABACA / Flickr

Парис Џексон објасни зошто ја нема во биографскиот филм на нејзиниот татко — „Ми рекоа дека моите забелешки…“

Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, ги објасни причините за нејзиното отсуство од новиот биографски филм „Мајкл“, кој неодамна ја имаше својата холивудска премиера. Иако нејзиниот братучед Џафар Џексон ја толкува главната улога, Парис не само што не учествувала во создавањето на филмот, туку и ја пропуштила премиерата.

Филмот, во режија на Антоан Фукуа, го следи животот на Кралот на попот од неговите почетоци со „Џексон 5“ во шеесеттите, па сè до крајот на осумдесеттите и турнејата „Bad“. Бидејќи дејството завршува пред раѓањето на неговите деца Парис (28), Принс (29) и Биги (24), нивните ликови воопшто не се вклучени во приказната.

Несогласувања со сценариото

Парис дополнително појасни дека нејзиното оградување е и од професионална природа. Таа откри дека прочитала една од првите верзии на сценариото и дала свои забелешки за делови кои ги сметала за неправедни.

„Ми дадоа до знаење дека моите забелешки нема да бидат земени предвид, па едноставно се повлеков“.

Таа ги демантираше тврдењата на актерот Колман Доминго дека му помагала на сетот, нагласувајќи дека нема никаква врска со проектот.

Освен децата на Мајкл, во филмот ја нема ниту неговата сестра Џанет Џексон. Ла Тоја Џексон откри дека Џанет била поканета да учествува, но таа љубезно ја одбила понудата.

И покрај семејните несогласувања, филмот „Мајкл“ бележи голем успех кај публиката од почетокот на прикажувањето кон крајот на април. На страницата „Rotten Tomatoes“ има високи 96% позитивни реакции, а гледачите се сложни дека само член на семејството Џексон можел толку автентично да го долови ликот на Мајкл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот