Папата се молеше сосема сам: Од празниот плоштад им упати моќна порака и благослов на верниците

ФОТО: ЕРА

Папата го повика светот да се обедини во молитвата и така да одговори на пандемијата

На плоштадот Свети Петар во Ватикан денеска папата Франциск ја започна вонредната молитва и благослов Урби ет орби па се помоли за крај на пандемијата со коронавирусот и им прости на своите верници.

Во нормални околности, плоштадот Свети Петар би бил полн со луѓе кои ја слушаат пораката од папата, но денеска немаше никого. Плоштадот е осветлен со сина светлина, малку паѓаше дожд, а папата беше потполно сам.
Папата го повика светот да се обедини во молитвата и така да одговори на пандемијата. „Пред вирусот“, рече папата, „сите бевме во ист чамец, сите. Се молиме, не дај Боже да не оставиш на оваа бура“.

Папата на верниците им рече: „Не се плашете“. „И заедно со Петар му ги принесуваме сите наши грижи на Господа, зошто ти се грижиш за нас“, продолжи папата.

„Веќе со недели изгледа како да паднала ноќ. Густ мрак се надви над нашите плоштади, улици и градови. Тоа ги презеде нашите животи, исполнето со заглушена тишина и празнина која парализира се. Тоа може да се почувствува во воздухот. Можете да го почувствувате во своите постапки“, рече папата.

„Се најдовме исплашени и изгубени. Се чувствувавме силно и способни за се. Но бурата ја откри нашата ранливост и оние лажни и преголеми сигурности на кои ги градевме нашите планови, своите проекти, своите навики и приоритети. Трикот на оние стереотипи со кои го маскираме своето его го урна бурата. И откриено е ова благословено заедништво. Едни на други да си припаѓаме како браќа“, рече папата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот