Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Meo

ФОТО | Папата Франциск пристигна во Источен Тимор

Папата Франциск пристигна во Источен Тимор за да го поттикне закрепнувањето на земјата од минато и да го прослави нејзиниот развој две децении по стекнувањето независност од Индонезија.

Папата пристигна во Дили од Папуа Нова Гвинеја и ја почна третата етапа од своето патување низ Југоисточна Азија и Океанија. Тој подоцна денеска ќе се состане со тиморските лидери и дипломати.

Фото: EPA-EFE/ANTONIO DASIPARU

Источен Тимор, каде живее мнозинско католичко население, е една од најсиромашните земји во светот и со нетрпение го очекуваше пристигнувањето на папата веднаш по 25-годишнината од референдумот одржан под покровителство на ОН, кој го отвори патот кон независност од Индонезија.

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Meo

– Нашата најголема надеж е дека тој ќе дојде кај нас за да го зајакне братството, националното единство, мирот и развојот во оваа нова земја, рече универзитетскиот професор Естевао Теи Фернандес пред пристигнувањето на папата.

Фото: EPA-EFE/ANTONIO DASIPARU

Денеска беше сосема поинаква атмосфера отколку за време на последната посета на папа кога Јован Павле Втори го посети Тимор, кој во 1989 година сè уште беше окупиран дел на Индонезија и се бореше за слобода.

Фото: EPA-EFE/YASUYOSHI CHIBA / POOL

За време на 24-годишното владеење на Индонезија, беа убиени 200.000 луѓе.

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Meo

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот