Пандев: Жал ми е што Панчев никогаш не ѝ помогнал на федерацијата и македонскиот фудбал

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI/Vadim Ghirda

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев во интервјуто за „Спортал“ зборуваше за своите фудбалски чекори, од родната Струмица во Интер со кој во 2010 година ја освои Лигата на шампионите.

Претседател на прволигашкиот фудбалски клуб Брера, клуб под ова име се натпреварува од минатата година во елитата по фузијата со Академија Пандев која постои од 2010 година.

фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Зборуваше за своите настапи во Италија каде ги бранеше боите на Анкона, Специја, Анкона, Наполи, Џенова, Парма…Како што вели во своето интервју, имаше понуда од Англија, но ја избра Џенова.

– Имав понуда од Вест Хем од Англија, но ја избрав Џенова. Можев да заминам во Аталанта, но минав речиси осум сезони во Џенова. На крајот поминав половина сезона во Парма и таму ја завршив кариерата во 2022 година – рече Пандев.

Меѓу темите беше и историскиот пласман на македонската А репрезентација на Евро 2020. Пандев е рекордер по бројот на настапи за националниот тим, вкупно 122, како и рекордер по бројот на голови, 38.

фото: EPA-EFE/Stuart Franklin

Според „Спортал“ делуваше дека Дарко Панчев ќе биде најдобар Македонец на сите времиња, но беше убедливо надминат од Горан Пандев, и само една буква прави разлика во презимињата.

– Учинокот ќе беше уште подобар ако не прескокнав еден циклус од две-три години поради проблеми во Федерацијата. А Панчев – тој беше најдобар во своето време. Како деца сите навивавме или за Црвена звезда или за Партизан. Но, мојот идол од детството беше Савичевиќ, повеќе од Панчев. Жал ми е што Панчев никогаш не ѝ помогнал на федерацијата и македонскиот фудбал. Такво име можеше многу да помогне, но тоа не се случи, и жал ми е што е така – се зборовите на Пандев.

ВИДЕО | Панчев: Дресот на Македонија треба да се носи со гордост без разлика кој е селектор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот