ВИДЕО | Панчев: Дресот на Македонија треба да се носи со гордост без разлика кој е селектор

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Легендарната „Кобра“ во интервјуто за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија зборува за почетоците на македонската репрезентација, за тоа како го доживува фудбалот во текот на времето, од неговите играчки денови до она што го гледаме денес

Панчев во интервјуто даде и свое мислење и ја анализираше ситуацијата во актуелната македонска репрезентација. Според Панчев, селекторот Благоја Милевски е првиот наш селектор кој се одлучил да игра офанзивно.

„Сите селектори кај нас играа малку плашливо, Боби можеби е прв селектор кој пробува да нападне. Има хрбарбост да одигра офанзивно и тоа многу ми се допаѓа, затоа и неколку пати го пофалив“.

Во последниот период критиките кон репрезентацијата беа поголеми, но зголемен е и апетитот кај публиката.

„Самите резултати ги зголемуваат апетите кај публиката. И добро е што публиката бара повеќе, тоа треба да носи позитивен притисок кај играчите. Нашиот пласман на Европско првенство, носи поголеми барања кај навивачите. Тука е успехот на Боби, баражот за Мундијал каде што ја елиминиравме Италија и пруживме одличен отпор на Португалија“, изјави Панчев.

Тема во разговорот беше и Елиф Елмас кој неколку години наназад во Наполи не може да дојде до позиција на стартер. Панчев смета дека Елмас треба да ја промени средината.

„Не сакам да му се мешам на Елиф, има голем талент, знае да пробие, да даде гол…Но, за да стане голем играч треба да оди некаде каде што ќе игра константно. Елиф не успеа да биде важен дел во Наполи, многу често е резерва. Можеби треба да размисли, да оди некаде каде што неколку години ќе биде стандарден верувам и самиот ќе се чувствува многу подобро. Сепак, тоа е само мое мислење и совет до него“.

Испрати порака Панчев и до сите останати фудбалери дека дресот на Македонија треба да се носи со гордост, без разлика кој е селектор.

„По тој период, мислам катастрофалниот пораз од Англија се случуваа неколку работи што не беа добри за соблекувалната. Некои играчи почнаа да си дозволуваат да дојдат до тоа ниво да кажуваат за тоа кој треба да биде тренер, а кој не. Секако дека тоа не е добро. Јас сум бил играч, јас сум бил капитен на репрезентацијата, никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на овие од раководството на ФФМ, а бе знаеш кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека е тој тука. Тоа е нешто нонсесн да размислуваш така, од каде тие идеи на тие играчи. Јас не разбирам навистина. Ти си викнат да играш за Македонија, треба да ти биде чест да играш за репрезентацијата“, истакна македонската фудбалска легенда.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ПАНЧЕВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот