Панчо и Андреј од ДНК со нова песна и видео спот – „Денови во ноќи“

Фото: Промо+Принтскрин/Youtube

„Панчо приведен во голема полициска акција за шверц на дрога! Недоволниот прилив на средства и љубовта кон саканата го натерале да се впушти во бизнис со дрога, кој наместо пари за лекување му донесе петгодишна затворска казна! Истата Панчо е спроведен да ја издржува во затворот во Куманово…“

Ако веќе ништо не ви е јасно – полека! Панчо микрофонот не го остави настрана за да стане дилер, ова само приказната во новиот спот за песната „Денови во ноќи“.

– Идејата е да се испрати порака до младите дека треба да им се каже НЕ на сите пороци, но и дека не треба да потпаѓаме под влијанија, особено кога сме пред искушенија и тешки животни предизвици. Дека треба да веруваме во себе и да бидеме истрајни во своите желби и планови, велат Панчо и Андреј.

„Денови во ноќи“ веќе е лесно да се претпостави е со потписите на Панчо и Лазар Цветковски чии се музиката, текстот и аранжманот, додека за екранизацијата на приказната се погрижи, исто така,
проверениот и маестрален соработник на ДНК, охриѓанецот Даниел Јовески. Дел од видеото уште се и Роберта Цветковска на која и припадна улогата на девојката, Стефан Хајредин го глуми дечкото, Игор
Петрески е дилер, Ристе Филипов – инспектор, а Елена Стојческа – инспекторка.

– И оваа песна е нешто во што навистина веруваме и нешто околу што навистина се потрудивме. Благодарни сме на сите кои ни помогнаа особено во реализацијата на видеото затоа што истото го снимавме додека земјата беше во карантин и на сила беше полициски час, велат момците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот