Љупчо Палевски - Палчо
Љупчо Палевски - Палчо / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Палевски побара изземање на тројца обвинители, ги обвини за пристрасност и злоупотреба на своите овластувања

Првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо денеска побара изземање на тројцата обвинители од судскиот процес, обвинувајќи ги за пристрасност и злоупотреба на своите овластувања.

Во изјава пред судот, Палевски конкретно побара изземање на обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовски и Ана Стојковиќ Димитриевска, како и обвинителот Гаврил Бубевски. Тој обвини дека обвинителите фалсификувале податоци и телефонски анализи со цел да се овозможи лажни сведочења на сведокот Ерол Османи.

Според Палевски, во судските документи се наоѓаат податоци од базните станици, кои, како што тврди, биле искористени за изработка на лажен доказ. Тој посочи дека на денот кога е убиен Панче Жежовски, 22.11.2023 година, податоците од базните станици биле празни, што, според него, е доказ за манипулација со доказите.

Дополнително, Палевски изјави дека исто така се манипулирало со неговите податоци и разговори од базните станици, кои биле искористени против него во текот на истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот