Палевски од Белград за Бугарија го носи лице од Скопје, уапсен е во Баликесир во Турција

Оливер Спасовски/ Фото: Принтскрин

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реше дека Љупчо Палевски прво заминал за Белград и се сместил во хотел.

– Палевски од Скопје со својот адвокат, со негово возило шкода суперб, стигнал до Белград и таму преноќил во еден хотел. Наредниот ден го презело друго лице од Скопје со џип „ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегол во Бугарија, по што влегол во Турција во градот Баликесир.

Македонските служби стапиле во контакт со оперативен извор во Турција со потврда дека Палевски е во Баликесир и дека од тука сака да замине во Истанбул. Најмил такси-возач за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил во градот, симулирал одење во Истанбул. Денеска попладнево е уапсен од турската полиција додека одел пеш низ градот, рече Спасовски и покажа фотографии од уапсениот Палевски испратени од Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот