Пајак-измамник: Нов џиновски вид пронајден во Австралија

Австралиските истражувачи открија нов џиновски вид пајаци-измамници кои живеат само во Квинсленд, Австралија, пишува „Би-би-си“.
Женките од овој редок вид можат да живеат повеќе од 20 години во дивината и да пораснат до 5 сантиметри. Мажјаците растат до 3 сантиметри.
За жал, голем дел од нивното живеалиште е изгубено поради расчистувањето на земјиштето, што, веројатно, прави да бидат загрозен вид, велат научниците.
Таканаречените пајаци-измамници прават нешто налик стапица од листови за да можат да пленат други инсекти. Тие обично се со големина од 1,5 до 3 сантиметри.
Новооткриениот вид „еuoplos dignitas“ е вид златен пајак-измамник, откриен во полусувите шуми на појасот Бригалов, регион во централниот дел на Квинсленд. За среќа, овој вид не е опасен за луѓето.
Научниците од музејот во Квинсленд, кои инаку го открија овој вид, велат дека нивното латинско име значи величина, одразувајќи ја „импресивната големина“ на пајакот.
Женките од овој вид имаат црвено-кафен карапакс, додека мажјаците имаат медено-црвен надворешен слој и сиво-кафеав абдомен.
Овој вид пајаци живее во отворени шумски живеалишта, градејќи ги своите јами во црна почва. Женките го поминуваат животот под земја, а мажјаците го напуштаат своето живеалиште по пет, до седум години, за да најдат партнерка во друга дупка.
View this post on Instagram