Фото: Инстаграм

Паднаа првите забрани: Со вакцина „АстраЗенека“ не може на концерт од Брус Спрингстин

Иако сите со нетрпение го очекуваа олабавувањето на ковид-мерките и конечно да почнат концертите, сепак по сè изгледа ништо нема да биде едноставно. Изгледа дека барем во блиска иднина, не само оние кои не се вакцинирани, ниту прележале коронавирус нема да можат да присуствуваат на концерт, туку тоа ќе зависи и од примената вакцина.

Со големо воодушевување од неговите верни обожаватели дочекана е вест дека Брус Спрингстин им се враќа на настапите на Бродвеј, но забавата ќе е можна само за одредени луѓе. Сите обожаватели на Спрингстин доколку купиле билети, истите нема да можат да ги искористат ако се вакцинирани со „АстраЗенека“, бидејќи таа вакцина сè уште не е официјално одбрена од „Американската агенција за храна и лекови“.

Концертите во театарот „Сент Џејмс“ на Бродвеј ќе се одржуваат од 26 јуни сè до 4 септември, а на службената страница на пејачот има и бројни упатства, како и протоколи поврзани за вакцинирањето, вклучително и она дека сите кои сакаат да го гледаат Спрингстин во живо ќе морат да ги примат сите дози вакцини и тоа само оние кои ги одобрила „Американската агенција за храна и лекови“.

Па така постојат критериуми во кои спаѓаат и ограничувањата, дека на концерт може да влезе само личност која ја примила втората доза од „Фајзер-Бионтек“ или „Модерна“, најмалку 14 дена претходно или ако исто толку време претходно се вакцинирал со „Џонсон и Џонсон“ вакцина.

Во објавата на службената страница на Брус Спрингстин исто така се наведува дека децата под 16 години мораат да имаат негативен антигенски тест направен шест часа пред концертот или негативен брис од нос не постар од 72 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот