Паднаа акциите на Тесла откако помалиот брат на Илон Маск продал акции за над 25 милиони долари

Помалиот брат на Илон Маск, кој е и член на управниот одбор на Тесла, продал свои акции во компанијата за 25,6 милиони долари.

Ова е утврдено во документи објавени на веб страницата на Американската компанија за акции и берзи (SEC).

Кимбал Маск (48) на 9 февруари продал 30.000 акции по цена од 8.52,12 долари. По зделката, братот на бизнисменот има 599.740 акции вредни околу 483 милиони долари.

Информацијата доаѓа е во момент кога кинеските регулатори објавија документ во кој се сомневаат во безбедноста на автомобилите на компанијата.

Кимбал Маск не е единствениот кој продал акции од Тесла,. Претходно друг член на УО Антонио Грасиас продаде 150.747 акции, оставајќи за себе само 2.445.

Акциите на Тесла паднаа за 5,3 отсто по информацијата за продажбата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот