ОВИЕ ЗБОРОВИ никогаш не смеете да ѝ ги кажете на вашата сингл другарка

unspalsh

Иако ѝ мислите сè најдобро и сакате таа да ја пронајде што побрзо својата љубов, некои зборови може сериозно да ја повредат.

Поради тоа, размислете пред да кажете некоја од следниве реченици:

„Баш ми е жал“

Можеби ви е навистина жал, но дали нејзе ѝ е? Не избрзувајте со претпоставката дека е несреќна затоа што не е во врска, бидејќи можеби токму така и сака да биде.

„Не ми е јасно како си сама“

Вие мислите дека ѝ давате комплимент, но таа може да сфати дека ѝ судите и мислите дека нешто не е во ред со неа.

„Излегувај почесто“

Не обидувајте се да ѝ наметнете некој свој пријател или познаник. Сигурно доволно излегува. Не ја ставајте во незгодно.

„Ти имаш повеќе слободно време“

Исполнетоста на животот не се мери со тоа дали некој е во врска или не. Сигурно таа знае како да се забавува и да го исполни слободното време.

„Во брак/врска е супер“

Таа веќе била во врски во минатото и знае како е. Ако вас ви е добро, не значи дека и таа го мисли истото.

„Затоа уште си сама“

Никогаш не барајте причина зошто таа нема момче. Тие причини може да бидат многу лични и да бидат поврзани со други настани во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот