Овие работи мажите ги забележуваат на вас за време на сексот

И додека се грижите околу маникирот, педикирот и мејкапот, на мажите внимание им одвлекуваат некои сосема други работи.

Нормално, физичкиот изглед е тој кој на прва веројатно ве споил, но мажите во текот на водењето љубов сепак внимание обрнуваат на некои работи, од кои речиси ниту една нема врска со изгледот.

Како што пренесува Women’s Health, овие три работи мажите секогаш ги забележуваат на жените во текот на сексот.

Преземање на иницијативата

Повеќето момци пасивните жени не ги возбудуваат толку. На нив поприлично им е лесно кога вие преземате иницијатива и да го одредите патот по кој ќе тече вашата игра под чаршавите.

Вашите очи

Ја знаете онаа изрека „очите се огледало на душата“? Тоа во овој случај е потполна вистина. Имено, мажите во очите на жените читаат дали сексот и е досаден, дали е возбудена или е со затворени очи и замислува некој друг.

Издепилирано тело и секси долна облека

Овие две ставки се темелат на физичкиот изглед, а на мажите им откриваат дали жената планирала да води љубов таа вечер или не. Нормално, дури и ако не сте свежо депилирани и носите обична памучна долна облека, тоа не значи дека тие ќе бидат помалку возбудени и помалку подготвени за акција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот